ВАШИНГТОН —
Мексико најави дека размислува да прифати понуда од 120 милиони долари кеш од неименуван субјект, плус медицинска опрема, за да купи луксузен претседателски авион.
Претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор се обидува да го продаде авионот на неговиот претходник Енрике Пена Нието, по преземањето на функцијата во 2018 година, ветувајќи во претседателската кампања дека ќе ги намали трошоците.
Лопес Обрадор сега користи комерцијални летови, велејќи дека претседателските авиони се луксуз.
Facebook Forum