Линкови за пристапност

Во Мексико убиени три лица поврзани со конзулатот на САД


Во одвоен инцидент бил убиен сопруг на мексиканска државјанка, вработена во конзулатот, а две деца биле повредени

Владата на САД е огорчена поради убиството на три лица поврзани со Американскиот конзулат во пограничниот мексикански град Сиудад Хуарез, познат по насилство поврзано со дрога.

Според официјални лица, вработена во американскиот конзулат и нејзиниот сопруг - обајцата американски државјани - биле застрелани во нивниот автомобил во саботата. Нивното бебе, кое исто така се наоѓало во автомобилот, не било повредено.

Во одвоен инцидент бил убиен сопруг на мексиканска државјанка, вработена во конзулатот, а две деца биле повредени.

Во Мексико убиени три лица поврзани со конзулатот на САД
Во Мексико убиени три лица поврзани со конзулатот на САД

Властите веруваат дека зад убиствата стојат картели за дрога.

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама е огорчен од бруталните убиства и најави соработка со мексиканските надлежни органи во потрагата по напаѓачите.

Владата на Мексико упати сочувство до семејствата и колегите на загинатите и вети дека ќе ги пронајде одговорните за инцидентите.

XS
SM
MD
LG