Линкови за пристапност

Тестовите потврдија - менингитот дошол од заразените инјекции


Лабораториски техничар пакува примероци од три потврдени случаи на менингит, пред да ги испрати на натамошно тестирање во Центрите за контрола и спречување на болестите во Атланта.
Лабораториски техничар пакува примероци од три потврдени случаи на менингит, пред да ги испрати на натамошно тестирање во Центрите за контрола и спречување на болестите во Атланта.

20 лица починаа откако изби болеста во САД, а регистрирани се вкупно 257 случаи во 15 сојузни држави.

Американската Управа за храна и лекови потврди дека заразените стероидни инјекции, што се поврзуваа со зачестените случаи на менингит, содржеле габи што ја предизвикале болеста. Првичните тестови развија сомневање дека постои поврзаност, но најновите дефинитивно ја потврдија врската, соопшти Управата.

Габата Exserohilum rostratum на која се должат случаите на менингитис во САД. Фотографија на Центрите за контрола и спречување на болестите во Атланта.
Габата Exserohilum rostratum на која се должат случаите на менингитис во САД. Фотографија на Центрите за контрола и спречување на болестите во Атланта.
Досега починаа 20 лица, а регистрирани се вкупно 257 случаи во 15 сојузни држави. Властите проценуваат дека до 14.000 лица од 23 сојузни држави ја примиле заразената инјекција што вообичаено се дава за болки во грбот или зглобовите.

Засега не е извесно колку луѓе ќе заболат - лекарите наведуваат дека понекогаш се потребни и по неколку месеци за да се појават симптомите на менингит.

Инјекциите ги произведе сега веќе затворениот Фармацевтски центар Нова Англија во Масачусетс. Властите ги повлекоа сите заразени инјекции, а во моментов истражуваат дали Центарот го прекршил законот со масовното производство, затоа што имал дозвола само за мал број дози, произведени по нарачка.
XS
SM
MD
LG