Линкови за пристапност

Расте бројот на жртви од менингит во САД


14 смртни случаи како резултат на заразени стероидни инјекции.

Американските центри за контрола на болести соопштија дека заклучно со четврток, биле регистрирани 170 случаи на габичен менингит во 11 сојузни држави.

Најголем дел од случаите се во три држави: Мичиген, Тенеси и Вирџинија.

Во средата, гувернерот на Масачусетс Девал Патрик соопшти дека компанијата која ги произвела стероидните инјекции ги довела во заблуда државните и федералните регулатори. Тој рече и дека компанијата можеби работела без дозвола кога произвела големи количини на инјекцијата што потоа ги продавала надвор од Масачусетс.

Компанијата во меѓувреме ги отповика инјекциите и прекина со работа.

Според Центрите, можно е до 13.000 луѓе во 23 сојузни држави да ја примиле заразената инјекција, но властите не знаат колку луѓе всушност и се разболеле од неа.
XS
SM
MD
LG