Линкови за пристапност

Медиумски извештаи: САД запреле дел од помошта за Египет


Контролен пункт на египетската армија во Каиро
Контролен пункт на египетската армија во Каиро

Официјално, Вашингтон сè уште разгледува како да одговори на растечкото насилство по соборувањето на претседателот Мухамед Морси.

Американските медиуми јавуваат дека владата на претседателот Барак Обама запрела дел од армиската помош за Египет додека разгледува како да одговори на растечкото насилство по соборувањето на претседателот Мухамед Морси.

Според медиумите, портпарол на сенаторот Патрик Лехи потврдил дека на Лехи му било кажано дека помошта запрела. Демократот Лехи е претседавач на Сенатската поткомисија за определување на средствата за Стејт департментот и операциите во странство.

Владата на Обама веќе најави дека ја разгледува американската политика да го помага Египет со 1,5 милијарди долари годишно. И Европската унија деновиве размислува дали да ја прекине помошта за Египет. Во меѓувреме, Саудиска Арабија најави дека со другите арапски земји би му помогнала на Египет, во случај да запре западната помош. Земјата веќе е главен донатор на Египет со 12 милијарди долари, што е далеку повеќе од помошта од Запад.
XS
SM
MD
LG