Линкови за пристапност

Маж со безбол палка нападнал двајца во канцеларијата на конгресменот Коноли


Полицијата објави во твит дека осомничениот е во притвор и оти жртвите се лекуваат од повреди што не се опасни по живот
Полицијата објави во твит дека осомничениот е во притвор и оти жртвите се лекуваат од повреди што не се опасни по живот

Демократскиот конгресмен Гери Коноли од Вирџинија вели дека маж со безбол палка влегол во неговата канцеларија во Ферфакс, го побарал и нападнал двајца негови работници, објави Асошиетед прес.

Полицијата на округот објави во твит дека осомничениот е во притвор и оти жртвите се лекуваат од повреди што не се опасни по живот.

Демократот од Вирџинија рече дека мажот влегол во неговата канцеларија утрово и го побарал пред да „изврши чин на насилство“, повредувајќи го неговиот директор за контакт и стажант кој бил прв ден на работа.

Тој рече дека не ги знае за мотивите за нападот.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG