Линкови за пристапност

НАСА: Дефинитивен доказ – на Марс некогаш бил можен живот


Правот што Кјуриозити го избушил од карпа содржи траги од минерали на глината, неопходни за една водна средина.

Американската вселенска агенција - НАСА вели дека нејзиното роботско возило Кјуриозити собрало дефинитивен доказ дека на Марс некогаш бил можен живот.

Научниците на Агенцијата, кои го анализирале правот што Кјуриозити минатиот месец го избушил од карпа на Црвената планета, велат дека содржи траги од минерали на глината, што се неопходни за една водна средина. Тие исто така утврдиле елементи што се неопходни за живот, како водород, кислород и азот.

Научникот Џон Гроцингер вели дека водата што некогаш се наоѓала на Марс била со доволен квалитет за да биде за пиење.

Кјуриозити не е опремен да открие микроби или фосили.

Во научниот свет владее мислењето дека Марс некогаш била потопла и повлажна планета, пред да се претвори во студена и сува пустина.
XS
SM
MD
LG