На почетокот на ерата на всленски летови, за да станете кандидат, најмалку што беше потребно за да се квалификувате е да сте искусен пилот. Денес, навидум, се` што треба е да сте подготвени да го минете остатокот од животот - на Марс.
Компанијата Марс еден, со седиште во Холандија, која планира да ја основа првата колонија на Црвената планета во 2023-та, објави оглас во кој бара лица на кои би им припаднала честа да бидат првите што ќе се населат таму.
Марс еден наведува дека кандидатите не треба да имаат научна диплома, пилотско искуство, или пак армиска обука. Се` што е потребно е да бидат на возраст над 18 години, да имаат добро физичко и ментално здравје и да бидат подготвени да минат осум години во обука.
Компанијата најави дека ќе избере четворица во процесот што го замислува како реално ТВ-шоу што би ја симулирало целата мисија, од лансирањето, па се` до слетувањето и живеењето на Марс.