Линкови за пристапност

Почина „челичната дама“


Маргарет Тачер е единствената жена што успеа да дојде на позицијата британски премиер
Маргарет Тачер е единствената жена што успеа да дојде на позицијата британски премиер

Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер остави белег како упорна и цврста политичарка.

Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер почина утрово од мозочен удар, на 87-годишна возраст.

Како упорна, цврста политичарка, со отворени изјави, единствената жена што успеа да дојде на позицијата премиер во земјата беше заслужна за трите изборни победи на Конзервативната партија од 1979-та до 1980-та. Тоа, воедно, е и најдолгиот континуиран период на еден премиер на позицијата, уште од почетокот на 19-от век.

Премиерот Дејвид Камерун денес изјави дека земјата „загуби голема водачка, извонредна премиерка и извонредна Британка“. Од Бакингемската палата стигна соопштение дека кралицата Елизабета II со големо жалење ја примила веста за смртта на Тачер.

Позната како „челичната дама“ поради личната и политичка упорност, Тачер остави белег како непоколеблива конзервативка која ја урна моќта на британските синдикати, елиминираше голем број владини субвенции и овозможи многу поголема улога на приватните претпријатија.

Таа ја водеше Британија за време на Војната на Фолкландските Острови во 1982-ра, беше цврсто против европската интеграција, а воспостави тесен и посебен однос со тогашниот американски претседател Роналд Реган што помогна во распаѓањето на комунизмот во Советскиот Сојуз.
XS
SM
MD
LG