Линкови за пристапност

Дали Балканот е подготвен за машка контрацепција?


Дали Балканот е подготвен за машка контрацепција?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Националните здравствени институти на САД работат на проект за развој на нов гел за машка контрацепција; Истражувањата покажале позитивни резултати

Машката контрацепција се уште е табу тема во многу земји, вклучително и на Балканот. Националните здравствени институти на САД работат на проект за развој на нов револуционерен производ за машка контрацепција во вид на гел.

Ова е само дел од поголемо истражување кое треба да помогне и во превенцијата на ХИВ и Сида.

За резултатите од истражувањето кое се врши во Кенија разговаравме со експерти од Националните здравствени институти на САД.

„Работиме на развој на нов револуционерен гел со кој се запира создавањето сперматозоиди, но тестостеронот во крва се задржува на нормално ниво, така што функциите остануваат нормални“, вели Др. Диана Лин Блит, од Институтот за детско здравје и човеков развој во Вашингтон, кој работи во состав на Националните здравствени институти на САД.

Во истражувањето не беа вклучени балкански земји, но беа вклучени девет европски земји, така што сметам дека истражувањето ги одразува ставовите на мажите од тој регион. Затоа мислам дека и таму мажите ќе сакаат да имаат контрола над фертилитетот.
Др.Диана Лин Блит, Институт за детско здравје и човеков развој во Вашингтон

Експертите препорачуваат да се работи на подигнување на свеста за потребата од заштита на репродуктивното здравје, бидејќи искуствата покажале дека и во земјите каде помалку се зборува за машката контрацепција има заинтересирани корисници под услов да им биде заштитена приватноста.

Гелот се тестира во Кенија во соработка со локалните институти. Процесот е долг, велат од институтот, каде очекуваат да поминат најмалку 10 години додека производот да се појави на пазарот.

Но, истражувачите се оптимисти дека интерес за негово користење ќе има и на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, каде актуелниот просек на користење контрацептивни средства е под европскиот просек.

„Во истражувањето не беа вклучени балкански земји, но беа вклучени девет европски земји, така што сметам дека истражувањето ги одразува ставовите на мажите од тој регион. Затоа мислам дека и таму мажите ќе сакаат да имаат контрола над фертилитетот“, вели Лин Блит.

Инаку, Кенија е избрана за истражување бидејќи државата се смета за едно од најголемите жаришта на СИДА во светот.

„Во Кенија преваленцата на ХИВ е многу висока. Оттука, сакавме да истражиме можности за превенција на сидата и нејзино пренесување од мајката на детето во бременоста“, вели Др.Дајана Бјанчи, директорка на Институтот за детско здравје и човеков развој во Вашингтон.

Тие тоа го прават преку едукација на луѓето за тоа како функционира телото и каков проактивен пристап е потребен за одржување на здрав животен стил.

Др. Бјанчи вели дека нејзината екипа била изненадена од контрастот кој што го виделе на теренот.

„Интересно беше да се види дека во Кенија домаќинствата често немаат пристап до чиста вода за пиење, но сите имаат паметни телефони. Тоа всушност ни покажа колку се големи можностите за здравствена едукација“, вели Др.Бјанчи.

Лекциите кои ќе бидат научени од истражувањето во Кенија, ќе се применуваат во цел свет, велат од Националните здравствени институти на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG