Американската сојузна држава Њу Џерси од денес започна да склучува истополови бракови. Десетици парови официјално се регистрираа на една минута по полноќ, откако стапи на сила судската одлука дека сојузната држава мора да дозволи истополови бракови. Врховниот суд на Њу Џерси петокот го отфрли барањето на републиканскиот гувернер Крис Кристи, да го одложи регистрирањето се` додека не одржи распит за жалбата на неговата влада против истополовите бракови.
Градоначалникот на Њуарк Кори Бокер, кој по победата на вонредните избори за Сенатот, наскоро ќе замине од функцијата, лично раководеше со неколку регистрации.
Со ова, Њу Џерси се приклучи на 13 други сојузни држави и главниот град Вашингтон каде истополовите бракови се признати со закон.