Минесота и Роуд Ајленд станаа 12-тата, односно 13-тата од вкупно 50 сојузни држави во САД кои дозволуваат истополови бракови. Покрај нив, истополовите бракови се дозволени и во областа на главниот град Вашингтон.
Првиот ваков брак во Минесота беше склучен денеска во Градското собрание на Минеаполис, по што уследија други ширум сојузната држава. Властите на Роуд Ајленд започнаа да издаваат уверенија за брак на истополовите двојки уште рано утрово.
Националната група за заштита на хомосексуалците, „Слобода на бракот“, проценува дека само нешто помалку од една третина од американското население живее во места каде хомосексуални бракови се дозволени или пак се признаат такви заедници склучени на други места.