Линкови за пристапност

Жените во политиката


Жените во политиката
Жените во политиката

И натаму мала застапеност на жените во парламентите ширум светот, покажува нова студија

Изминативе години нордиските земји предничеа со просек од речиси 42 проценти на жени претставници во законодавните тела. Според најнова анкета, арапските држави се на дното на светската листа по бројот на жените во парламентите. Сепак, забележан е напредок во регионот, од 4,3 проценти во 1995-та година на 11,7 проценти минатата година.

Што се однесува до Северна и Јужна Америка, Коста Рика има најголемо ниво на застапеност на жените во политиката со речиси 39 проценти, споредено со 17 проценти во САД.

Според студијата, забележан е незначителен назаден тренд во Европа и Азија, голем пад на застапеноста во земјите од Пацификот и не толку големи промени во суб-сахарска Африка, каде во просек 19,2 процента од жените се избираат во парламентот.

Според испитувањето на јавното мислење, жените-политичари ширум светот генерално немаат подеднаква застапеност споредено со мажите и во медиумите. Во случаи кога имаат, фокусот повеќе е на тоа како се облечени и на нивниот изглед, наспроти нивните политички ставови.

Генералниот секретар на Интер-парламентарниот синдикат Андерс Џонсон изјави дека е забележан тренд на промени на законите на подобро, кога во парламентот има поголем број на жени. Жените имаат различен пристап за одредени прашања споредено со мажите, вели тој. Тие се почувствителни за социјалните прашања, на пример.

Џонсон додава дека синдикатот будно ги следи случувањата на Блискиот Исток и дека организацијата е загрижена заради очигледното отсуство на жените во владините тела во Египет и Тунис. Во Египет, на пример, нема ниту една жена во комисијата која во моментов го изготвува новиот Устав.

XS
SM
MD
LG