Линкови за пристапност

Јолевски: Интензивно лобирање пред Самитот на НАТО


Јолевски: Интензивно лобирање пред Самитот на НАТО
Јолевски: Интензивно лобирање пред Самитот на НАТО

Амбасадорот во САД во интервјуто за Гласот на Америка најавува и привлекување на странски инвестиции и образовна размена во 2012-та.

Интеграцијата во НАТО останува приоритет за Македонија – амбасадорот на Република Македонија во САД Зоран Јолевски најавува интентензивно лобирање во американската влада, Конгресот и невладиниот сектор пред самитот на Алијансата во Чикаго во мај.

„Македонија е приоритетно да влезе во Алијансата, спремни сме да влеземе на начинот на кој досега влегувавме во другите меѓународни организации“, вели Јолевски.

Јолевски: Интензивно лобирање пред Самитот на НАТО
Јолевски: Интензивно лобирање пред Самитот на НАТО

Првиот човек на Македонија во САД очекува Грција да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, а за идните билатерални односи со официјална Атина, вели: “Македонија отсекогаш се залагала за добри односи со своите соседи, вклучувајќи и го јужниот сосед. Се надевам дека оваа одлука ќе има позитивно влијание врз развивање на билатералните односи“.

Јолевски го информирал посредникот на ОН Метју Нимиц дека Македонија е подготвена да ги продолжи разговорите за името, за да се најде решение што ќе го почитува идентитетот и достоинството на македонскиот народ. Вели, во постојан контакт е со Нимиц и средбата во Њујорк на 16-ти и 17-ми јануари не е неочекувана.

Јолевски: Интензивно лобирање пред Самитот на НАТО
Јолевски: Интензивно лобирање пред Самитот на НАТО

Што планира македонската дипломатија во САД на економски фронт?

„Во вториот дел од годината ќе направиме интензивни економски активности за промоција на Македонија, за привлекување на странски инвестиции, за промоција на македонскиот извоз и за да донесеме американски туристи во Македонија“, вели македонскиот амбасадор.

Јолевски планира две-три економски презентации за можностите што ги нуди Македонија на странските инвеститори. На образовен план, ја истакна неодамнешната спогодба за размена на студенти меѓу универзитетот Норич од сојузната држава Вермонт со универзитатот Св. Апостол Павле во Охрид.

XS
SM
MD
LG