Денеска ќе се дознае кој ќе ги освои последните две од вкупно осум места што водат понатаму на Светското фудбалско првенство во Бразил.
Во Сао Паоло играат Аргентина и Швајцарија. Лионел Меси го предводи јужноамериканскиот тим - четири негови удари досега на првенството завршија во мрежата. Меѓу Швајцарците, главна ѕвезда е Џердан Шаќири - постигна хек - трик на последниот меч во групното разигрување.
Во Салвадор, САД се среќаваат со Белгија, којашто во прелиминарниот дел на три меча постигна три победи. И кај Американците има добра вест - во селекцијата се враќа Жози Алтидор, којшто се повреди уште на првиот меч против Гана.
Вчера, Франција и Германија обезбедија места во четвртфиналето.
Аутсајдерот Алжир и` даде сериозен отпор на фаворизираната Германија, којашто дури во дополнителните 30 минути го совлада со 2:1. Во регуларниот дел, мечот заврши со 0:0.
И Франција, со головите во последните 10-тина минути на мечот, ја порази Нигерија со 2:0.