Линкови за пристапност

Белгија следен противник на САД


Фудбалска треска
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Фудбалска треска

И покрај поразот од Германија, репрезентацијата на селекторот Клинсман оди понатаму на Светското фудбалско првенство

САД, Германија и Алжир се трите последни репрезентации што обезбедија пласман во понатамошното натпреварување на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Во групата Г, Германија ја победи САД со 1:0, а Португалија ја порази Гана со 2:1. САД и Португалија го завршија групното натпреварување со четири бодови, а САД се пласираа понатаму поради подобра гол-разлика.

Американскиот претседател Барак Обама го следи натпреварот САД- Германија
Американскиот претседател Барак Обама го следи натпреварот САД- Германија

Германија го освои првото место во групата со седум бодови. Гана е последна, со само еден.

Во вторник, САД ќе играат против Белгија, којашто ја порази Јужна Кореја со 1:0. Белгија во својата групаа освои максимален број поени – 9.

На почетокот на втората, елиминациска фаза на првенството, утре играат Бразил - Чиле и Колумбија - Уругвај.

Од другите вести, надвор од фудбалскот терен, ФИФА го казни уругвајскиот напаѓач Луис Суарез за гризнувањето на италијански играч на мечот во вторникот со пауза од девет меѓународни натпревари и дополнителни четири месеци. За инцидентот, Суарез треба да плати и парична казна од 112.000 долари. Повторената снимка покажа дека Суарез го гризна за раме италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини. Тој веќе на два пати беше суспендиран од иста причина, како и за расна навреда против играч.

Фудбалскиот сојуз на Гана го одобри потегот на селекторот на неодедено време да суспендира двајца играчи, непосредно пред мечот со Португалија. Кевин Принс – Боатенг е казнет за навреда на тренерот, а за Сали Мунтари не беше дадено објаснување, но тој и онака не можеше да настапи поради два жолти картона.

XS
SM
MD
LG