Линкови за пристапност

Решавачки натпревари во Групите Ф и Е


Атмосфера за време на натпревар во Бразил
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:14 0:00

Атмосфера за време на натпревар во Бразил

Денес и утре ќе се дознаат последните осум селекции што ќе го продолжат натпреварувањето на Светското фудбалско првенство во Бразил

Привршуваат натпреварите од првиот круг на Светското првенство во Бразил, по што ќе бидат познати сите 16 репрезентации што ќе го продолжат натпреварувањето.

Во Групата Ф, водечката Аргентина денес се среќава со Нигерија во Порто Алегре. Со нерешен резултат, обете селекции одат понатаму, но евентуалната победа на Аргентина ја отвора вратата за Иран. Оваа селекција и со победа против Босна и Херцеговина може да го продолжи натпреварувањето.

Во групата Е, Франција е на првото место со шест бодови, но евентуален пораз против Еквадор со голема разлика во голови, и победа на Швајцарија против „фенерџијата“ Хондурас, би ги елиминирал „триколорите“ од првенството.

Последните мечеви од групите Г и Х се играат утре.

Синоќа, Грција со пенал по истекот на регуларните 90-минути го совлада Брегот на слоновата коска и се пласира понатаму.

Колумбија со 4:1 ја декласираше Јапонија и оди понатаму.

Уругвај се пласираше меѓу 16-те репрезентации со триумфот врз Италија од 1:0, но натпреварот го засени контроверзниот потег на ѕвездата Луис Суарез – повторената снимка покажува дека навидум го гризна за раме италијанскиот одбранбен играч Џорџо Кјелини. ФИФА отвори дисциплинска постапка против Суарез. Тој веќе беше суспендиран на два пати од иста причина.

Англија со Костарика одиграа без голови. Од групата Д, натаму одат - Костарика и Уругвај.

На крајот од групното разигрување, Костарика освои седум, Уругвај шест, Италија три, а Англија еден поен.

XS
SM
MD
LG