Линкови за пристапност

Воиновиќ: соработката на Балканот – гарант за иднината


Воиновиќ: соработката на Балканот – гарант за иднината
Воиновиќ: соработката на Балканот – гарант за иднината

Законодавецот од Охајо гледа голем напредок во регионот, иако има уште незавршени задачи

Новиот објект на Амбасадата на САД во Скопје, според сенаторот Воиновиќ, не само што е едно од најрепрезентативните американски дипломатски претставништва во светот, туку говори и за важноста што САД ја даваат на Македонија и нејзината иднина. За надворешната политика на САД кон регионот, сенаторот Воиновиќ вели:

„Пред неколку месеци бев во посета на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија со сенаторката Шахин и бев импресиониран. Иако секоја земја во регионот е заинтересирана за сопствената иднина, тие знаат дека имаат меѓусебни односи и дека доколку соработуваат, како тим, тогаш целиот регион може да напредува. На пример, присуствував на форум во Брисел - еден од најдобрите денови во мојот живот - претседателите на Србија и на Хрватска, Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ, на од ист подиум говореа како заедно ќе се обидат и ќе осигураат Босна и Херцеговина да остане еден ентитет. Дали може да замислите - дека Србите и Хрватите да работат на подобрување на регионот?”

Законодавецот од Охајо гледа голем напредок во регионот, иако има уште незавршени задачи:

„Бездруго треба да се реши прашањето со името меѓу Македонија и Грција и јас се обидувам се` што е во моја можност да постигнеме компромис. Несомнено и прашањето со Косово ќе се најде пред меѓународниот суд, но јас тврдам дека независно што ќе се случи, треба да се најде решение за прашањето со енклавата Северна Митровица. Напорно работиме да ја увериме нашата адмнинистрација дека треба да ги задржиме 10-те илјади војници на Косово, за да осигураме дека се ќе биде во ред. Горд сум што сите земји кои ги посетив, со нетрпение го очекуваат акциониот план за членство – МАП во НАТО за Босна“.

Овој ветеран на американската политика најави дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата на Балканот, иако на крајот на годината заминува во пензија.

XS
SM
MD
LG