Линкови за пристапност

Дваесет години ВМРО-ДПМНЕ

  • Борјан Јовановски
  • известувач Скопје

Дваесет години ВМРО-ДПМНЕ

Додека другите држави од централна и источна Европа итаа да го фатат возот и да се приклучат на ЕУ, Бранко Црвековски и СДСМ договараа профити од нафтата која му ја носеа на режимот на Милошевиќ, изјави Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ, партијата на власт во Македонија, вчера го прослави својот 20-ти роденден со голем митинг во центарот на Скопје на кој присуствуваа повеќе илјади симпатизери од оваа партија. ВМРО - ДПМНЕ е партија на народот, а не на елитата - изјави претседателот на партијата и премиер Никола Груевски, обраќајки се пред насобраните симпатизери. Во говорот тој посвети посебно внимание на достигнувањата кои ги има направено владата на ВМРО ДПМНЕ и воедно ја обвини опозициската СДСМ дека е виновна за заостанувањето на Македонија во евроинтеграциските процеси.

Додека другите држави од централна и источна Европа итаа да го фатат возот и да се приклучат на ЕУ, Бранко Црвековски и СДСМ договараа профити од нафтата која му ја носеа на режимот на Милошевиќ, изјави Никола Груевски.

Во своето обракање тој се осврна и на прашањето за името. Тој го обвини Црвенковски и за нерешавањето на спорот со името и како што кажа, во негово време Македонија била преименувана во ФИРОМ.

Во овој контекст, Груевски ја реафирмираше неговата позиција околу потребата за распишување рефередум на кој би се одговорило на евентуално компромисно решение што ќе го понуди медијаторот.

„ВМРО - ДПМНЕ согласно ветеното, ќе распише референдум на кои сите заедно, двата милиони граѓани, ќе ја донесат одлуката, која, сеедно каква е, ВМРО - ДПМНЕ ќе ја прифати и ќе ја спроведе. Ова е прашање кое не може да се реши под принуда, туку со разум, со меѓусебно разбирање и со многу добра волја“, рече Никола Груевски.

Денеска на критиките искажани на нивна сметка од страна на владеачката партија одговорија од опозицискиот СДСМ. „Влегуваме во битка за предвремени избори по ноемврискиот самит на НАТО“, најавија денеска во СДСМ. Оваа битка, како што рекоа, ќе ја започнат на 27 јули со митинг во организација на опозицијата, што ќе се одржи пред седиштето на Владата.

„Јас можам да ја искористам оваа прилика и јавно да му порачам на Груевски дека во наредниот период ќе се потрудиме да му станеме ноќен кошмар“, изјави Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.

Помалите опозициски партии вчерашниот настап на премиерот го оквалификуваа како празен и без идеја за понатамошните чекори на Македоија во насока на остварувањето на нејзината стратешка цел - членство во ЕУ и НАТО.

XS
SM
MD
LG