Стапката на невработеност во САД минатиот месец паднала на најниско ниво од 2008-ма, но од друга страна биле отворени само 162.000 работни места.
Според денес објавените владини податоци, невработеноста во јули изнесувала 7,4% - за 0,2% помалку од јуни. Ова е најдобар износ по оној од 7,3%, забележан во декември 2008-ма година, во време кога земјата беше во средиштето на економската криза.
Најновата владина статистика покажува дека во САД без работа се 11,5 милион лица, што е за преку милион помалку споредено со минатата година - индикација дека најголемата економија на светот бележи бавен, но континуиран растеж. Без оглед на тоа, бројот на нови работни места во јули (162.000) е разочарувачки, бидејќи аналитичарите прогнозираа дека ќе изнесува 183.000.