Американскиот претседател Барак Обама го оцени договорот со банките во висина од 25 милијарди долари е “голем чекор напред“ кон заживување на забавениот пазар на домување што го остава зад себе времето на „крајна невнимателност“.
Банките се согласија да ја намалат сумата на пари што ја должат некои сопственици на домови, на други да им овозможат да ги рефинансираат заемите по пониски каматни стапки, а на трети да добијат обесштетување поради тоа што домовите по грешка им биле земени одземени под хипотека.
На виши лица од федералната влада и владите на сојузните држави им беа потребни 16 месеци да постигнат договор со најголемите банки во САД. Тој ги разрешува големиот број граѓански тужби за начинот на кој кредиторите постапиле во илјадници случаи на хипотека кога започна финансиска криза.
Скандалот избувна кога се откри дека многу компании кои ја спроведуваат постапката за запленување домовите воопшто и не ги проверувале документите, вработените потпишале документи што не ги ни прочитале, или пак користеле лажни потписи за да ја забрзаат постапката.
Запленетите домови од банките влијаеја врз намалување на цените на соседните куќи, што беше една од причините оваа клучна гранка на американската економија толку бавно да закрепнува од финансиската криза.
Денешниот договор е постигнат со следните банки: Бенк оф Америка, Џеј-Пи Морган, Велс Фарго, Ситигруп и Елај фајненшел.