Линкови за пристапност

Земја на можности, но и непозната дестинација


Американските бизнисмени за инвестирањето во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00
Direct link

Американските бизнисмени за инвестирањето во Македонија

Американските бизнисмени за инвестирањето во Македонија

„Земја на можности“- вака претседателот и извршен директор на Стопанската комора на Мајами Бери Џонсон за Гласот на Америка резимираше како американските бизниси гледаат на Македонија.

Гледам големи можности во оваа земја
Бери Џонсон, извршен директор на Стопанската комора на Мајами

“Магазинот Можност ја рангираше меѓу една од шесте држави во светот каде најлесно може да почнете бизнис. Гледам големи можности во оваа земја“, вели Џонсон.

За првиот човек на Комората на Мајами, Балканот повеќе од кога и да е порано е подготвен економски да застане на свои нозе. Очекува мудрите бизнисмени да ја искористат можноста „уште денес, а не утре“.

Олга Рамундо, сопственичката на туристичката фирма „Експрес травел“ од Мајами, мисли дека за Македонија како туристичка дестинација нема доволно информации во САД.

Американски бизнисмени за инвестирањето во Македонија
Американски бизнисмени за инвестирањето во Македонија
„Потребна е малку поголема промоција на она што Македонија има да го понуди. Се работи за прекрасна дестинација, но непозната за многумина туристи кои не знаат што нуди земјата“, вели Рамундо у додава дека американските туристи сакаат да ја посетат Македонија затоа што се заинтересирани за нејзината историја.

Бизнисменот од секторот на финансиски корпорации Шик Ал-Калифа од Тринидад и Тобаго, кој самиот се опишува како човек кој „инвестира во банкротирани компании и повторно ги прави профитабилни“, објаснува зошто е заинтересиран за Македонија: „Македонија е портата на Европа. Таму ги нема компликациите, проблемите и бирократијата со кои се соочувате во Европа. Од Македонија може да ги покриете соседните земји, а ќе имате и брз пристап до ЕУ. Размислувам и за други земји во регионот, но засега Македонија ми е во фокусот“.
XS
SM
MD
LG