Секој кој произведува во Македонија може да извезува во ЕУ без царински давачки и од земјата може да покрие пазар од 660 милиони жители, рече премиерот Никола Груевски на бизнис-форумот во Мајами пред 200 бизнисмени и други лица од деловниот свет на јужна Флорида.
Стабилна пазарна екомомска политика, ниска задолженост, ниска инфлација - тоа е предноста на Македонија рече премиерот. Тој нагласи дека земјата има слободни економски зони кои нудат специјални поволности за компаниите кои инвестираат.
Вицепремиерот Зоран Ставрески рече дека земјата тежнее кон ЕУ и НАТО и оти со опозицијата постои обединетост дека евроатлантската интеграција нема алтернатива. Како причина плус за инвестирање во Македонија, Ставрески ја нагласи конзистентната и предлидливата политика и стабилниот курс на денарот, младата, обучена работна сила и геостратешката положба на земјата како мост меѓу истокот и западот.
Во владината политичко-економска делегација премиерот Груевски го придружуваат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на технолошко-индустриските развојни зони во Македонија Виктор Мизо и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески.