Линкови за пристапност

Започна годишната средба на ОН


Започна годишната средба на ОН
Започна годишната средба на ОН

На врвот на агендата е прашањето за полноправното членство на палестинска држава, но и за политичката транзиција во Либија

Годишната средба на Генералното собрание на ОН почнува денеска, со повеќе од 100 светски лидери во Њујорк на дискусии по разни светски прашања, вклучувајќи ја и апликацијата за палестинска државност и иднината на Либија по падот на режимот на Моамер Гадафи, и болестите кои не се пренесуваат со комуникација.

На врвот на агендата е прашањето за полноправното членство на палестинска држава, но и за политичката транзиција во Либија. Минатата недела, Советот за безбедност на ОН едногласно реши да го прифати Националниот транзициски совет како претставник на Либија, практично признавајќи го крајот на режимот на Гадафи.

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Њујорк и се очекува да се обрати пред Генералното собрание на ОН в среда.

XS
SM
MD
LG