Линкови за пристапност

Разговори за иранската програма во ОН


Ештон изјави дека иранскиот министер за надворешни работи ќе биде на разговорите за нуклеарната програма на неговата земја во Њујорк.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон рече дека иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ќе има „куса дискусија“ за иранската нуклеарна програма со САД, Русија, Британија, Франција, Кина и Германија.

Таа рече дека тимови од Иран и од ЕУ се согласиле да се сретнат во Женева во октомври и да ги продолжат напорите за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Техеран вели дека неговите нуклеарни активности се за мирољубиви цивилни цели. Постојаните членки на Советот за безбедност на ОН веруваат дека Иран можеби работи кон развивање на нуклеарно оружје.

Ештон во ОН на новинарите им кажа дека таа и иранскиот колега Зариф имале „добра и конструктивна дискусија“ пред отворањето на годишното Генерално собрание:

„Денеска забележав енергија и посветеност во обидот да се придвижат разговорите“, рече Ештон.

Изборот на новата влада во Техеран може да донесе напредок во нуклеарните разговори во време кога одговорноста за дипломатските напори е префрлена од иранската армија во министерството за надворешни работи.

Новиот претседател Хасан Роухани ќе го има првиот јавен настап во ОН во вторник. Спроти обраќањето на Генералното собрание, претседателот Роухани за Ен-Би-Си Њуз рече дека Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје и сака „итно усвојување резулуција за ова прашање во согласност со меѓународните страндарди“.
XS
SM
MD
LG