Министерот за внатрешни работи на Украина предупреди дека напнатата ситуација со проруските демонстранти во источниот дел на земјата мора да се разреши во наредните 48 часа, или преку преговори, или со сила. Арсен Аваков изјави дека се` уште е можно да се постигне политичко решение, но додаде дека украинските власти енергично ќе одговорат на оние демонстранти што сакаат конфликт.
Проруски групации деновиве зазедоа неколку владини згради во источна Украина и бараат референдум за приклучување на Русија. Украинските власти јавија дека вчера имало истрели во Харков и дека биле уапсени најмалку 60 демонстранти, како и дека демонстрантите се` уште ги држат под контрола владините канцеларии во Донецк, што ги зазедоа неделата. Според истиот извор, во Луганск биле ослободени 50 лица од штабот на силите за безбедност, каде проруските демонстранти наводно држеле 60 заложници и поставиле експлозив.
Американскиот државен секретар Џон Кери кажа дека руски агенти и специјални сили се обидуваат да потпалат сепаратистичко насилство во источна Украина. Тој рече дека се работи за „планирана увертира за армиска интервенција, како во случајот со Крим“. На сенатски распит, Кери кажа дека вмешаноста на Русија во Украина е очигледна и несомнена, како и дека претседателот Барак Обама подготвува нови строги санкции, доколку Русија продолжи да ја дестабилизира Украина.
Натрупувањето на руски сили долж границата со Украина роди загриженост дека Москва нема да се задоволи само со минатомесечната анексија на претежно прорускиот Крим и дека би можела да зазеде делови на источна Украина.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Москва не врши никаква „необична или непланирана активност на своја територија близу границата со Украина што би била од армиско значење“. Но, многумина не се убедени во тоа. Германската кацеларка Ангела Меркел во обраќање пред парламентарците рече дека Русија не презела суштински мерки за намалување на напнатоста и побара да биде зајакната меѓународната набљудувачка мисија во Украина со тоа што би броела 500 лица.