Директорката на истражниот затвор „Скопје“, Сузана Гавриловиќ, потврди дека новинарот Томислав Кежаровски утринава ја одбил затворската храна, и дека за својата одлука да штрајкува со глад официјално ги известил и Судот и Управата за извршување санкции.
Кежаровски стапи во штрајк откако институциите не одговорија, ниту нему, ни на македонската јавност, зошто му е продолжен притворот.
И сопругата на притворениот новинар, Марина, почна со штрајк со глад, во знак на поддршка на човекот со кого е две децении во брак. Иако добива совети дека не треба и таа, како мајка на малолетно дете, да штрајкува, Кежаровска ни рече дека се наоѓа во безизлезна ситуација и дека се обидува да најде начин да ја алармира јавноста.
Таа претходно за медиумите изјави дека Кежаровски и` повторувал дека е невин, но да не се грижи за него и дека треба да го чува детето. „Јас сум невин, патот ми е во рајот“, биле зборовите на новинарот, според неговата сопруга. Таа реагира поради фактот дека истрагата е завршена и не може да ја сфати апсурдноста на одлуката за продолжување на притворот, за дело наводно извршено пред пет години, „за да не влијаел новинарот врз сведоците“.
Кежаровски беше притворен пред пред два месеца, по спектакуларното апсење од маскирани специјалци во неговиот дом и пред очите на малолетната ќерка, во полициската акција „Ликвидација“. Осомничен е дека во два текста објавени пред пет години во магазинот „Репортер 92“ наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок, иако тој тврдеше дека се работи за лажен сведок во овој случај.
Според дел од македонските медиуми, истрагата за случајот „Ликвидација“ е затворена во Кривичниот суд, и предметот е пратен во Обвинителството за организиран криминал и корупција уште на 16 јули.
До Обвинителството е испратен и предлогот за гаранција во недвижен имот што семејството на новинарот ја понудило како обезбедување дека нема да побегне ако биде пуштен во домашен притвор.
На потег сега е Обвинителството, кое треба да донесе одлука дали ќе биде покренат обвинителен акт и да се изјасни дали притворот што истекува во петок, ќе биде прекинат или продолжен.
Денес реагираше Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија, изразувајќи длабока загриженост поради штрајкот со глад на Кежаровски и побара итно да биде пуштен на слобода.
„Потсетуваме дека условите за тоа се исполнети: заврши распитот на сведоците во случајот за кој е притворен нашиот колега, а дадена е и имотна гаранција“, соопштија од ССНМ.
Инцијативниот одбор за ослободување на новинарот Кежаровски, составен од претставници од ЗНМ, Институтот за медиуми, Синдикатот и одделни новинари, бараше можност Кежаровски да се брани од слобода. И други невладини организации побараа фер судење за Кежаровски и пуштање да се брани од слобода, особено откако Народниот правобранител соопшти дека по посета на притворениот новинар заклучил дека тој се наоѓа во лоша психичка состојба, дека му е забранет излез на чист воздух и задоцнето му се доставува платениот дневен печат.