Том Донилон, советникот за национална безбедност на претседателот Барак Обама ќе замине од функцијата, а на негово место ќе дојде амбасадорката во ОН, Сузан Рајс. За нов амбасадор во ОН е номинирана Саманта Пауерс, поранешна новинарка и советничка на Обама. Промените во владиниот кабинет ги соопшти самиот претседател.
Донилон, клучниот советник на Обама за надворешна политика уште откако тој го освои првиот мандат во Белата куќа, планира да замине од функцијата наредниот месец.
Рајс, која важи за доверлива соработничка на Обама, е мета на критики на конгресните републиканци во истрагата за нападот врз дипломатското претставништво на САД во Бенгази, Либија, во кој загинаа амбасадорот Кристофер Стивенс и тројца други Американци. Рајс во првичните интервјуа по нападот кажа дека нападот бил спонтан, што се покажа неточно.
Рајс се сметаше за веројатен наследник на Хилари Клинтон на функцијата државен секретар, но се повлече по републиканската критика.
За позицијата советник за национална бебедост не е потребна потврда од Сенатот.