Линкови за пристапност

Експлозија на нафтена платформа во Луизијана


Повредените се евакуирани по болници во областа

Американската крајбрежна стража објави дека трага по 12 лица кои се водат како исчезнати по екплозија на нафтена платформа во јужнто крајбрежје на САД.

Крајбрежната стража јави дека при синоќешната експлозија исто така биле повредени и седум лица на нафтената платформа Дипвотер Хорајзон, лоцирана во Мексиканскиот залив, на околу 84 километри од сојузната држава Луизијана.

Официјални лица велат дека испратиле хеликоптери, спасувачки авиони и неколку бродови на местото на инцидентот. Повредените се евакуирани по болници во областа. Крајбрежната стража во средата се` уште го гаснеше пожарот на платформата.

Во време кога се случила експлозијата на нафтената платформа се наоѓале 126 лица. Во соопштение од крајбрежната стража се вели платформата е евакуирана.

Засега е нејасна причината за експлозијата.

XS
SM
MD
LG