Линкови за пристапност

Лугар го поддржа членството на Македонија во НАТО


Дипломатското спорење што досега ја држеше Македонија надвор од НАТО беше заморно уште во време на мир, но не треба да се толерира во ова време на криза“.

Поранешниот претседавач на Сенатската комисија за надворешни односи, Ричард Лугар, ги повика членките на НАТО да и` испратат покана за членство, соопшти Германскиот Маршалов фонд на САД.

„Македонија е пријател и партнер на САД и веќе дава свои сили што служат заедно со нашите“, рекол Лугар. „Дипломатското спорење што досега ја држеше Македонија надвор од НАТО беше заморно уште во време на мир, но не треба да се толерира во ова време на криза“, рече Лугар, кој како сенатор беше главен архитект на конгресната поддршка за проширувањето на НАТО.

Лучар вчера се сретнал со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, во рамки на неговата работа во Институтот за дипломатија и Конгресот што го нoси неговото име, а е дел од Германскиот Маршалов фонд во САД.

„Европа е под закана од руската армиска и економска агресија, и НАТО мора да се покаже, а не да повлече“, потенцирал Лугар. Трансантланската заедница е подготвена подобро да одговори на руските акции бидејќи го прошири својот состав во последните 20 години, а тоа треба да продолжи и во иднина", смета овој влијателен републиканец.
XS
SM
MD
LG