Линкови за пристапност

Попоски: Да не се чека на друга криза да се прошири некаде на Балканот


Изјава на министерот Попоски на Атланскиот совет во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:32 0:00

Изјава на министерот Попоски на Атланскиот совет во Вашингтон

Во контекст на Украина, македонскиот министер за надворешни работи во Атлантскиот совет во Вашингтон препорача проширување на НАТО уште на самитот во септември

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на дводневната конференција на Атлантскиот совет во Вашингтон, „Кон цела и слободна Европа“, на која првите луѓе на американската влада, европски министри и американски аналитичари дебатираа за предизвиците пред Европа на патот на конечното обединување.
Попоски, кој говореше на делот насловен „Консолидирање на југот на Европа“, кажа дека членството во НАТО, но и во ЕУ е базирано на политичка одлука од самите организации. За НАТО, рече дека Македонија е подготвена уште од 2008-ма, но е блокирана. Земјата тоа го има докажано со учество во меѓународните мисии во Авганистан и во Ирак, рамо до рамо со сојузниците, подвлече шефот на македонската дипломатија.

На прашање од водителот - дали настаните со кризата во Украина само дополнително го актуелизираат прашањето за проширувањето на НАТО, министерот Попоски порача „да не се чека на друга криза да се прошири некаде на Балканот, или да се обесхрабрат луѓето, да се направи да почувствуваат дека НАТО и ЕУ заборавиле на преостанатите држави на Балканот, туку да се искористи моментот и да се постигне нешто што требало да се постигне во претходните фази. Никогаш не е доцна. Мислам дека ова треба да се реши сега, и да се искористи септемврискиот самит како самит на проширување“.
XS
SM
MD
LG