Линкови за пристапност

Републиканците во потрага по нова стратегија


Има знаци дека спикерот ќе побара од претседателот поширок договор за буџетските трошоци, наместо тесниот фокус на Обамакеар

Републиканските законодавци се среќаваат во Вашингтон во обид да направат пат за отварање на владата што веќе четврти ден е под клуч, и зголемување на границата за задолжување на нацијата.

Републиканците се противат на претседателот Обама, демократ во петта година од мандатот, кој не се согласува со нивните барања да стави потпис за поништување на реформите во здравствената заштита. Денеска има знаци дека спикерот Џон Бејнер, лидер во Претставничкиот дом кој е под контрола на републиканците, дека ќе бара договор со претседателот за поширок договор за буџетските трошоци со цел да се стави крај на ќорсокакот во кој се наоѓа Вашингтон.

Најновите анкетите покажуваат дека јавноста се почесто ги обвинува републиканците за настанатата состојба, а Бејнер се среќава со колегите од Претставничкиот дом за ковање нова стратегија.

Аналитичарот од Универизитетот во Мичиген, професорот по бизнис Ерик Гордон, за Гласот на Америка рече дека смета от на крајот Обама и републиканските противници во Конгресот ќе мора да направат компромис со цел да прекине делумното затворање на владатата и да се зголеми ограничувањето за позајмување:

„Мислам дека во минута до 12, ќе има некаков компромис, затоа што ниту една страна не може да си дозволи да биде гледаната од јавноста како кочничар. Републиканците ќе мора да го повлечат првичните инсистирања за големи буџетски кратења, а и претседателот ќе мора да прифати дека мора да се согласи на поголеми кратења за буџетот. Ниту една од страните не може да си дозволи да учествува во играта на меѓусебно обвинување. “, вели овој аналитичар.

Сепак, засега, никој не знае кога тоа ќе се случи.
XS
SM
MD
LG