Линкови за пристапност

Зголемена будност врз железничкиот систем во САД


Зголемена будност врз железничкиот систем во САД
Зголемена будност врз железничкиот систем во САД

Американската воена акција во седиштето на Осама бин Ладен во Пакистан откри планови на ал-Каида за напади врз возови. Колку е ранлив американскиот железнички систем и колку властите се потпираат на кучињата наречени единици К-9, во осуетување евентуални терористички напади?

Лабрадорот ретривер Ливи е куче дресирано да открие експлозив. Тоа е обучувано да открие експлозив во торби или актовки. Ливи е едно од 48-те кучиња од единиците познати како К-9, кои работат во железничкиот систем Амтрак. Тие се во првите редови во заштитата на 78.000 луѓе кои се возат со воз секој ден.

Полицискиот инспектор на Амтрак, Вилијам Паркер вели:

„Ова го правиме од 2007-ма кога ја проширивме програмата. Кучињата се возат на возовите, проверуваат напуштени торби и одат на сомнителни повици“, вели Паркер.

Петнаесет од нив минале низ специјална обука за откривање експлозиви или бомбаши-самоубијци. Покрај тоа што се возат по возови, овие кучиња патролираат и по најголемите железнички станици. Паркер вели дека овие кучиња од единицата К-9, вршат голема работа:

„Ако едно истренирано куче има по 150 акции во месецот и ништо не се случува - тоа значи дека завршило добра работа, вели тој.

Кучињата-трагачи по експлозивни направи исто така се користат за заштита на железничките мрежи во главните градови. Но, бомбашките напади како оние во Мадрид во 2004-та и Лондон во 2005-та ја истакна ранливоста на патничките возови при терористички напад. Ричард Малони е портпарол за транзитниот систем во Пенсилванија:

„Ја разбираме ранливоста на еден отворен јавен транспортен систем, кој, сепак, мора да остане отворен за да функционира, со цел луѓето да можат да одат на работа и на училиште.

Американски официјални лица соопштија дека разузнавачките информации кои беа собрани од куќата на бин Ладен во Пакистан, покажале дека ал-Каида планирала напад врз американскиот железнички систем на 10-тата годишнина од нападите на 11-ти септември 2001-ва.

Ричард Кларк е аналитичар за контра-тероризам:

„Не можете да обезбедувате стотици милји шини. Терористите можат да стасаат до локација која не е надгледувана и да подметнат експлозив; тоа е многу полесно отколку да се обидат да соборат авион.

Поранешниот полициски шеф за обезбедување на товарниот железнички сообраќај, Кевин Линч, се согласува. Тој вели дека терористичките напади врз американската железничка мрежа може да ја попречи трговијата ширум земјата.

„Целењето на железничка инфраструктура е многу попаметен потег за терористите, затоа што ефектот е поголем за помал труд“, предупредува Линч.

Полицијата најави зголемување на будноста со цел да спречи било каков напад од ал-Каида врз транспортниот систем ширум САД.

XS
SM
MD
LG