Линкови за пристапност

Поезија во амбасада


Поезија во амбасада
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Поезија во амбасада

Вечер со Никола Маџиров во македонското дипломатско претставништво во Вашингтон

Поезијата и овојпат го донела од другата страна Атлантикот. Никола Маџиров, кој синоќа читаше свои стихови на македонски и англиски во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, верува дека авторот треба да биде сенка на сопственото дело, да го следи телото на поезијата.

Но, како е да се живее денес како поет во Македонија?

„Секако, не географски. Би ја исклучил географската референца, затоа што живеењето како поет значи да се патува, да се пробиваат меѓупросторите на јазичните граници и системи. Авторот, по мене, е присутен кога пишува и неговиот дом тогаш е јазикот“, коментира Маџиров, кој за време на престојот во САД учествувал и на годишен книжевен собир во Сиетл, заедно со 1.000 автори и критичари од светот.

„Меѓусветот меѓу постоењето и присуството е вистинскиот дом на авторот. На тој начин патува јазикот и се ослободува од еден историски товар, а ова се однесува на таканаречените мали јазици“, акцентира Маџиров.

Пред да дојде во САД, престојувал на едномесечната книжевна стипендија „Пасапорта“ во Брисел. Од Вашингтон, заминува на фестивалот на поетско читање во Умео, Шведска, прогласен за европски град на културата заедно со Рига за 2014-та.

Маџиров досега имал неколку читања по американски универзитети, особено по објавувањето на книгата „Остаток од друг век“. Неговата поезија е преведена на 40-тина јазици и објавена во САД, Европа и Азија.

Поетските читања не се најчестиот настан што го организира една амбасада, вели првиот човек на Македонија во САД Зоран Јолевски. Ваквите настани имаат повеќедимензионално влијание, додава амбасадорот, и ја набројува промоцијата на Македонија, на нејзината култура, на богатството на јазикот.
XS
SM
MD
LG