Линкови за пристапност

Генералот Петреус сведочеше за Бенгази


Генералот Дејвид Петреус на распит во Конгресот
Генералот Дејвид Петреус на распит во Конгресот

Конгресната истрага бара одговор дали биле почитувани безбедносните процедури кога бил нападнат конзулатот.

Поранешниот директор на ЦИА Дејвид Петреус петокот сведочеше во Конгресот во врска со нападот врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија.

Вчера, комисиите и на Преставничкиот дом и на Сенатот го започнаа заедничкиот распит зад затворени врати на кој разузнавачки лица сведочеа за нападот во кој беше убиен амбасадорот Кристофер Стивенс и тројца други Американци.

Голем број законодавци се загрижени дали постоела соодветна безбедносна процедура во конзулатот, како и дали владата на Обама подоцна се обидела да ја сокрие информацијата, со цел да избегне непријатен момент пред претседателските избори на 6-ти ноември.

Петреус поднесе оставка на функцијата директор на ЦИА минатата недела откако истрагата на федералното истражни биро (ФБИ) откри дека бил во вонбрачна врска со авторката на неговата биографија, Пола Бродвел. Случајот го покрена прашањето дали протекле доверливи информации за националната безбедност. Јавниот обвинител Ерик Холдер изјави дека е „мошне сигурен“ дека не дошло до тоа.
XS
SM
MD
LG