Линкови за пристапност

Командантот на американските сили во Авганистан под истрага


Додека таа трае, генералот Џон Ален ќе остане на позицијата.

Пентагон отвори истрага за генералот Џон Ален, главниот командант на американските сили во Авганистан.

Портпаролот Џорџ Литл соопшти дека Федералното истражно биро (ФБИ) го проследило случајот до Пентагон во неделата, како и дека секретарот за одбрана Леон Панета наредил на генералниот инспектор во Пентагон да спроведе истрага.

Портпаролот не кажа каква е природата на истрагата, но информираше дека додека таа трае, Ален ќе остане на командната позиција во Авганистан.

Претседателот Барак Обама го именуваше генералот минатиот месец за позицијата командант на Американската европска команда и нареден врховен командант на сојузничките сили на НАТО за Европа. Литл кажа дека Обама го сопрел процесот на номинација, како и дека Панета побарал од Сенатот да ги одложи распитите за потврдување на функциите.

До истрагата за Ален дојде само неколку дена откако пензионираниот генерал Дејвид Петреус даде оставка на местото директор на ЦИА поради вонбрачна врска. Таа беше откриена додека ФБИ водел истрага за поплака дека жената со која Петреус имал афера праќала заканувачка електронска пошта на друга жена.
XS
SM
MD
LG