Линкови за пристапност

Намален наталитет и рецесија – проблем за пензионерите


Намален наталитет и рецесија – проблем за пензионерите
Намален наталитет и рецесија – проблем за пензионерите

Намалувањето на наталитетот во многу земји во светот загрижува голем број луѓе дека кога им дојде време за пензија, владите ќе немаат доволно пари во буџетските каси да го обезбедат тоа. Актуелната економска рецесија само ја влоши ситуацијата.

Студии на Светската банка покажуваат дека жените ширум светот раѓаат се` помалку деца. Бен Вегте, истражувач од приватната Национална академија за социјално осигурување дава нималку розова формула: помал наталитет плус рецесија, еднакво на закана за постарото население.

Многумина се загрижени дека пензионерите нема да имаат доволно пари, сега и во иднина.

Во САД, владата обезбедува пензиски бенефиции од одредени даноци на примарната плата. Но со фактот дека таканаречената „бејби-бум“ генерација од периодот на Втората светска војна сега навлегува во добата за пензионирање, наскоро ќе има повеќе Американци кои примаат бенефиции од системот отколку оние кои уплаќаат во него. Комесарот за пензиско осигурување Мајкл Астру предвидува проблеми во овој контекст се` до 2037-ма година.

Ако Конгресот не преземе нешто, ќе може да исплаќаме околу 78 проценти од сегашното ниво на пензии.

Со сличен проблем се соочува и Кина, а глобалната економска рецесија, само ги влошува работите.

Неодамнешното скратување на пензиските бенефиции, пак, беше една од причините за протести во Грција. Европски земји и САД размислуваат за зголемување на старосната граница за пензија и даноците. Некои стручњаци дури ја предлагаат имиграцијата како решение.

XS
SM
MD
LG