Линкови за пристапност

Само во Америка: враќање на дивината


Само во Америка: враќање на дивината
Само во Америка: враќање на дивината

Од серијата есеји – несекојдневен поглед на животот во САД

Пред пет години, американскиот биолог Џош Донлан, кој се занимава со презервација на животинските видови, предизвика критика со контроверзниот напис во научниот журнал „Природа“ за „одивување“ на американската прерија.

Донлан предложи таму човекот да релоцира редица животни, како лавови и гепарди и така да креира „еколошки историски паркови“. Целта - да се спасат животинските видови од Африка што се во опасност.

Во написот се наведува дека пред 13.000 години, во при крајот на ерата плеистоцен, во преријата живееле влакнести мамути, пет видови на коњи и рана верзија на гепард. Дошол човекот, и ги ловел до истребување.

Оние кои ја поддржуваат идејата, заговараат релокација на редица животни; слонови, камили и големи мачки.

Критичарите, нормално, се шегуваат: како ќе се поттикне економијата со туристите кои би дошле на сафари!

Но, дали идејата за „одивување“ е далеку од реалноста?

Одговорот е - не, ако го прашате поранешниот телевизиски магнат Тед Тарнер, кој на својот ранч во Мексико веќе релоцираше примероци на ретка огромна желка, во опасност од изумирање.

XS
SM
MD
LG