Линкови за пристапност

Платформа за природен гас потона до брегот на Венецуела


Претседателот на Венецуела Хуго Чавез го објави потонувањето на платформата на неговата социјална мрежа Твитер

Платформа за природен гас потонала во источното крајбрежје на Венецуела, но владата јави дека сите 95 работници се безбедни.

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез го објави потонувањето на платформата на неговата социјална мрежа Твитер.

Министерот за нафта Рафаел Рамирез подоцна го потврди извештајот и рече дека бродови од морнарицата се наоѓаат на местото на експлозијата за да ги спасат работниците кои работеле на платформата Абан Перл.

Рамирез рече дека природниот гас е изолиран и не претставува закана по животната средина.

Венецуелски официјални лица велат дека најверојатно платформата имала проблем со системот за пловење.

Истрагата е во тек.

Нафтената платформа била управувана од државната енергетска компанија Петролеос де Венецуела, која била лоцирана источно од полуостровот Париа Пенинсула во близина на Тринидад и Тобаго.

XS
SM
MD
LG