Линкови за пристапност

Конференција за информатичко-комуникациски технологии во Охрид


Конференција за информатичко-комуникациски технологии во Охрид
Конференција за информатичко-комуникациски технологии во Охрид

Oсновните и средните училишта во Мaкедонија имаат пристап до широкопојасен Интернет

Република Македонија е домаќин на првата лидерска конференција за информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) во образованието што започна вторникот во Охрид, а ќе продолжи и утре.

Според најавите, примарна цел на средбата е размена на искуства и најдобрите практики во спроведувањето на ИКТ во образованието, а Македонија како домаќин планира да го истакне напредокот што го има направено во развојот на информатичкото општество. Конференцијата е во организација на Министерството за информатичко општество, во соработка со Министерството за образование и наука, а под покровителство на корпорацијата Интел.

„Во последниот извештај на ОН е направена споредба на 20-те развиени европски земји за пропорционалноста на ученик со компјутер во образовниот систем. Според таа листа, предводник во светот е Шведска со 3:1 сооднос ученик-компјутер. Во септември, Македонија ќе стане лидер во светот со сооднос 1,4:1“, истакна министерот за информатичко општество на Македонија, Иво Ивановски.

Во Охрид допатува и заменикот-директор на Интел, Џон Дејвис, кој оцени дека во Македонија се даваат се` повеќе комјутери на се` повеќе деца.

„Иако пред неколку години бевте многу назад, сега полека ги стигнувате развиените земји. Ако се споредувате со САД, Австралија и Сингапур, многу од нив имаат компјутери дома, но ако погледнете во училиштата, можеби четири деца споделуваат еден компјутер. Ова е голема инвестиција што ја вложувате во децата и во нивната иднина“, изјави Дејвис.

Oсновните и средните училишта во Мaкедонија имаат пристап до широкопојасен Интернет и заедно со Црна Гора се единствените земји во регионов каде постојат задолжителни ИКТ наставни содржини во сите образовни нивоа.

На ИКТ Конференцијата во Охрид учествуваат претставници од областа на глобалната технологија и иновации од повеќе држави во Југоистична Европа. Корпорацијата Интел досега има организирано слични конференции во различни земји во светот.

XS
SM
MD
LG