Линкови за пристапност

Обама најави програма за помош за сопствениците на домови


Обама најави програма за помош за сопствениците на домови
Обама најави програма за помош за сопствениците на домови

Претседателот рече дека ќе овозможи одговорните сопственици да ги рефинансираат станбените кредити

Американскиот претседател Барак Обама е на тридневна турнеја по западниот дел на САД со цел да ја промовира иницијативата за помош на сопствениците на домови кои имаат проблеми со плаќање на месечните заеми од банките.

Сојузната држава Невада има највисока стапка на невработеност во САД, повеќе од 13 проценти. Некогашната мека за коцкарите денес е соочена со силен економски пад и кратење на работни места во областа на градежништвото.

Инвалидот и поранешен градежник Ричард Скалон вели дека многу од неговите колеги се без работа: „Пред 10 години, ако не можевте да најдете работа во Вегас, значи не сте барале! Денес е тешко.“

Невада има највисока стапка на загубени домови на национално ниво поради неможност за отплаќање на кредитите. Обама во Лас Вегас најави програма за помош:

„Ова ќе им помогне на многу сопственици на домови кои ќе можат да ги искористат ниските каматни стапки. Тоа значи дека потрошувачите и семејствата ќе заштедат пари. Ќе сторам се` што е во моја моќ да помогнам да се стабилизира пазарот на домување, да порасне економијата, и да се отворат нови работни места, со што ќе се врати сигурноста кај средната класа Американци, која заостанува повеќе од една деценија“.

Републиканците во Конгресот го блокираа планот на Обама за отварање работни места во висина од 447 милијарди долари и тврдат дека владиното трошење само ќе ја погоди економијата. За новонајавената програма на Обама што ја објави во Невада не е потребно одобрување од Конгресот.

Тој го избра Лас Вегас за соопштување на иницијативата зашто таму ситуацијата е тешка за многу луѓе кои ги загубиле работните места и домовите и живеат во прифатилишта.

Претседателот на тридневната турнеја по Невада, Калифорнија и Колорадо излегува со многу нови иницијативи за подобрување на економијата, работејќи наедно и на својата кампања за реизбор во 2012-та.

XS
SM
MD
LG