Линкови за пристапност

Локален одбор на жители во Њујорк ја поддржа изградбата на џамија близу „граунд зиро“


Локален одбор на жители во Њујорк гласаше за поддршка на предлогот за изградба на џамија недалеку од „граунд зиро“ – местото каде некогаш се наоѓаа кулите-близначки на Светскито трговски центар, нападнати во терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва.

По часови вжештена дебата, одборот гласаше со 29-1 за предлогот, додека 10 членови беа воздржани.

Критичарите на планот велат дека изградбата на муслимански храм до локацијата уништена од исламистички екстремисти претставува непочитување на загинатите во нападите.

Но, поддржувачите, вклучувајќи ги претседателот на општината Менхетн, смета дека е важно да се покаже толеранција за сите верски групи како и дека објектот ќе поттикне на умерена интерпретација на Исламот, многу различна од екстремистичките погледи што стоеја зад нападот.

Гласањето на одборот претставува само препорака, но на него се гледа како на показател за мислењето во рамки на локалната заедница.

XS
SM
MD
LG