Линкови за пристапност

НБА: Сан Антонио на чекор до титулата


НБА: Сан Антонио на чекор до титулата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

НБА: Сан Антонио на чекор до титулата

Поведе против Мајами со 3:2, но финалната серија се сели во Флорида

По победата од 114:104, Сан Антонио спарс е на дофат до шампионската тутула во НБА. Резултатот во финалната серија „најдобар во седум“ против Мајами хит сега е 3:2 за тимот од Тексас.

Плејмејкерот Тони Паркер постигна 26 поени, но ѕвезда на вечерта беше младиот Дени Грин, кој уфрли 6 тројки од 10 обиди, а постави и нов рекорд во финалето на НБА со најмногу поени зад линијата од 7, 25 – вкупно 25.

Ветеранот Ману Џинобли имаше 24 поени, а придонесе и центарот Тим Данкан со 17-те коша. Едноставно, Мајами немаше одговор за високиот процент реализација од 60% на разиграните „мамузи“.

Кај гостите, најпрецизни беа Леброн Џејмс и Двејн Вејд со по 25 поени. На актуелниот шампион, сега му се потребни две победи во последните два натревара за освојување на титулата. Можеби дополнителен поттик ќе биде домашната громоглас публика во салата Американ ерлајнс во Мајами.

Следниот меч се игра утре со почеток во 3 часот по полноќ по македонско време.По победата од 114:104, Сан Антонио спарс е на дофат до шампионската тутула во НБА. Резултатот во финалната серија „најдобар во седум“ против Мајами хит сега е 3:2 за тимот од Тексас.
XS
SM
MD
LG