Линкови за пристапност

Победа на Атланта; Антиќ не играше


Атланта хокс подобри од Детроит пистонс
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:33 0:00

Атланта хокс подобри од Детроит пистонс

По два нови бода забележаа и Мајами, Далас и Индијана

Екипата на Атланта хокс извојува победа против Детроит пистонс со 93:85.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не влезе во игра на овој натпревар.

Од другите поинтересни дуели, шампиониот Мајами хит го декласираше Орландо меџик со 120:92. Најпрецизни кај „жешките“: Леброн Џејмс со 21 и Крис Бош со 18 поени.

Бостон селтикс на домашен терен загуби од Сан Антонио спурс. Гостите од Тексас беа поуспешни со 104-93.

Во неизвесен натпревар до самиот финиш, во тексашкото дерби, Далас маверикс извојува тесна победа против Хјустон рокетс со 123-120. Центарот Двејн Хауард постигна 33, а Дирк Новицки го заврши мечот со 35 поени.

Индијана пејсерс во Медисон сквеар гарден дури во продолжение го совлада домаќинот Њујорк никс со 103:96. Пол Џорџ беше незапирлив кај Пејсерс со 35 поени.
XS
SM
MD
LG