Линкови за пристапност

НБА: Атланта на чекор да ја елиминира Индијана


Атланта на чекор да ја елиминира Индијана
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:24 0:00

Атланта на чекор да ја елиминира Индијана

Македонскиот центар Антиќ имаше скромен учинок - 1 поен и два скока, а играше 20 минути

Од синоќешните плејоф натпревари во НБА, го издвојуваме Индијана пејсерс - Атланта хоукс. Атланта извојува важна победа на гостински терен со 107:97 и поведе со 3:2 во серијата „најдобар од седум“. Гостите направија предност од 30 поени во втората четвртина и ја одржуваа се` до самиот крај.
​Македонскиот интернационалец Перо Антиќ имаше непрецизна ноќ (0-3 за два поени, 0-1 за „тројки“) и скромен учинок - 1 поен од две слободни фрлања и два скока, но играше 20 минути. Најпрецизен во тимот беше Шелвин Мак со 20 поени, а Пол Милсап постигна 18 поени и имаше 8 скока.

Кај Индијана најпрецизен беше Пол Џорџ со 26 поени, а центарот Рој Хилберт го заврши мечот без ниту еден кош! Следниот меч се игра во Атланта, и, со евентуална победа, „јастребите“ ќе се пласираат во второто коло.

Од другите натпревари: Сан Антонио го победи Далас со 93:89. Серијата е изедначена 2-2.

Актуелниот шампион Мајами го порази Шарлот со 109:98 и со вкупен резултат од 4:0 во серијата се пласира во второто коло.
XS
SM
MD
LG