Линкови за пристапност

НБА плеј-оф: неколку изненадувања...


НБА: Резултати плејоф, прво коло
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00

НБА: Резултати плејоф, прво коло

...и контроверза поради изјава на сопственикот на Лос Анџелес клиперс

Во драматичен финиш, дури во продолжението, Портланд на домашен терен го совлада Хјустон со 123:120 и поведе со 3-1 во серијата „најдобар во седум“ во плеј-оф натпреварите во НБА.

Ѕвездата во подем на Портланд, Ламаркус Олдриџ, и овојпат беше незапирлив. Постигна 29 коша, а имаше 10 скока. Кај гостите, центарот Двајт Хауард постигна 25 поени. Следниот меч се игра во Хјустон.

Голден стејт го порази Лос Анџелес клиперс со 118-97. Плејмејкерот на Вориорс Стивен Кари забележа 33 поени, од кои седум „тројки“. Кај Клиперс најпрецизен беше Блејк Грифин со 21 поен. Резултатот во серијата е 2:2, а следниот меч се игра во Лос Анџелес.

Гостинот Торонто извојува важна победа против Бруклин, 87-79. Демар Дерозан беше најпрецизен кај Рапторс со 24 поени, додека ветеранот Пол Пирс постигна 22 за домаќинот. И во оваа серија резултатот е изедначен - 2:2, а следниот меч ќе биде во Торонто.

Вашингтон и без исклучениот центар Нене извојува значајна победа против Чикаго со 98:89. Ветеранот во редовите на Визардс, Тревор Ариза, беше несопирлив со 30 поени, додека Таџ Гибсон од Булс постигна 32. Вашингтон води со 3:1, а следниот меч се игра во Чикаго.

Вестите од паркетот делумно паднаа во сенка на контроверзата во врска со аудио-снимка на која гласот наводно е на сопственикот на Лос Анџелес клиперс, Доналд Стерлинг, а на која дава расистички коментар во врска со Афроамериканците. Уследија жестоки реакции. „Нема место за Доналд Стерлинг во Лигата“, порача Меџик Џонсон, а во ист стил коментираа и Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Комесарот на НБА Адам Силвер соопшти дека во тек е истрага за снимката.
XS
SM
MD
LG