На својата 117 седница пратениците на македонското Собрание едногласно усвоија Декларацијата по повод 100-годишнината од раѓањето на блажената Мајка Тереза, во која се вели дека „животот на Мајка Тереза ја праќа универзалната порака до светот за помагање на луѓето, за хуманоста и пожртвуваноста во името на добрите дела. Нејзиното дело претставува охрабрување и инспирација за граѓаните на Македонија, на регионот и на целиот свет“.
Декларацијата како своевидна „позитивна порака кон граѓаните на Македонија и кон целиот свет“, од Скопје ќе биде испратена до Светата столица во Ватикан, до Обединетите нации, до редот Мисионерки на љубовта, до Владата на Индија и до разни религиозните групи, институции и невладини организации.
„Станува збор за една од најпознатите ликови на 20-век, личност која ги говореше сите јазици во Македонија. Родена на почетокот на векот која од од првите моменти го живееше мултикултуризмот на македонското општетсво, која беше граѓанин на светот и која светот ја запозна и ја засака“, рече денес за нобеловкката од Скопје чије максима беше „Светот е гладен за љубов, повеќе отколку за леб“, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
Централното чествување на 100-годишнината од раѓањето на големата хуманистка ќе се одржи на 5 септември, на денот кога таа почина во 1997, но одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, во нејзиниот роден град започна со полагање свежо цвеќе пред нејзиниот споменик во центарот на Скопје, при што почест и одадоа и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, министри во Владата и претставници на дипломатскиот кор, сестри од Редот на Мајка Тереза, но и бројни гости од странстство, како студенти од Јапонија, Калкута и од Индија и многубројни скопјани.
„На прашањето што е по националност, Мајка Тереза одговара дека таа е скопјанка, која му припаѓа на целиот свет. Токму во овие нејзини зборови се гледа и се чувствува фактот дека сите ние прво сме луѓе, божји деца, без разлика дали припаѓаме на оваа или онаа нација или на оваа или онаа вера. Не е важно колку нешто добро си направил, туку е многу поважно дали тоа што го правиш го правиш со љубов“, потсети првиот парламентарец Трајко Вељановски.
Еден век од нејзиното раѓање во Македонија ќе се одбележи преку 100 различни активности и манифестации, а според претседател на граѓанската асоцијација Скопјанката Мајка Тереза, Стојан Тренчевски, сите почитувачи на нејзиното дело посакуваат и се молат „јубилејната година да биде одбележана со најрадосната вест, Ватикан да ја прогласи Мајка Тереза за светица. Тогаш Скопје ќе го добие својот заштитник’“ рече Тренчевски.
Вчера на свечена седница во Собранието на Македонија им беше врачена државна награда Мајка Тереза, на годинешноте добитници писателот Халил Зендели и педијатарката д-р Олга Јотовска.
Во галерискиот простор на Спомен-куќата на Мајка Тереза е отворена изложба на 44 фотографии Мајка Тереза - Мајка на сиромашните од хрватскиот уметник Звонимир Атлетиќ, а според изјавата на директорката на Спомен-домот Мајка Тереза, Рената Кутера-Здравковска, во македонските медиуми, наскоро ќе релизираат повеќе разни проекти, како превод и печатење на книгата за Мајка Тереза од нејзиниот соработник Лео Масбург, како и промоција на поштенска марка, издадена во соработка на „Македонски пошти“ и на поштите од Албанија и Косово.
Во Ватикан е во тек е процедурата на беатификација на Мајка Тереза - за нејзино прогласување за светица, која почна една година по нејзината смрт, во Калкута во Индија, на 5 септември 1997 година.
По повод бројните активности со кои се одбелеува 100-годишнината од ражањето и се чествува нејзиното дело, во еден коментар на весникот Нова Македонија се вели дека „духот на Мајка Тереза деновиве, на 100-годишнината од нејзиното раѓање, повторно маршира низ Македонија. Агнеза Гонџа Бојаџиу, која на 12-годишна возраст го напушта родното Скопје, за преку Даблин и Бенгал да стаса во Калкута и да им се посвети на оние што сите други ги забораваат, додека беше жива, во 1979 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Сега, 13 години по смртта, чека да добие статус на светица“.