Американските власти открија тунел за криумчарење дрога под границата меѓу Мексико и САД и запленија 14 тони марихуана во рации поврзани со окритието.
Тунелот бил долг околу 400 метри и поврзува складишта во градот Тихуана, Мексико и индустриска зона во Сан Диего, сојузната држава Калифорнија. Тој бил комплетно опремен, со електрична струја и систем за вентилација.
Во ноември минатата година, во рации на два други тунела што ги поврзуваа Калифорнија и Мексико, полицијата заплени 50 тони марихуана. Овие тунели беа опремени со железница, струја и вентилација. Тие се меѓу десетиците колку што вкупно беа откриени последниве неколку години.
Откако мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон ја презеде функцијата во 2006-та и започна жестока акција против нарко-картелите, Мексико го потресуваат насилства од овие групи во кои досега загинаа 45.000 лица.