Линкови за пристапност

Поголема гласност за Македонија во Конгресот


Колоски: Поголема гласност во Конгресот за Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Колоски: Поголема гласност во Конгресот за Македонија

До крајот на годината, бројот на пријатели да се зголеми на 35 законодавци, планира претседателот на ОМД, Мето Колоски.

Со конгресменот Кери Бентиволио, републиканец од Мичиген, Групата на пријатели во Конгресот сега брои 18. Колоски го истакнува фактот дека Мичиген е дом на повеќе од 120.000 Американци од македонско потекло и затоа е особено важен за македонската кауза во САД.

Оваа група на пријателство на нас, Македонците во САД, ни овозможува глас во Конгресот
Мето Колоски, ОМД
„Важно е Македонија да има група на конгресмени на кои може да се повика за било кои прашања; дали се работи за прашањето за името, за состојбата со човековите права на Македонците во соседните земји, членството во НАТО или безвизниот режим на САД, за кој Македонија има интерес да се најде на листата-земји. Оваа група на пријателство на нас, Македонците во САД, ни овозможува глас во Конгресот“, вели претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Мето Колоски, во интервјуто за Гласот на Америка на македонски.

ОМД ја продолжува кампањата за членство на Македонија во НАТО, информира Колоски. Најавува дека во следните неколку месеци ќе испратат писмо до државниот секретар Џон Кери, потпишано од конгресмените - пријатели на Македонија, со поддршка за влез на земјата во Алијансата, но и со пошироко барање - проширувањето да не запре и за другите аспиранти од Балканот, како Црна Гора и Босна и Херцеговина. ОМД ќе иницира и активности за поголема гласност за состојбата со човековите права на Македонците во Грција, по последните случувања, на, како што потенцира Колоски, новиот бран на екстремизам со партијата Златна зора.

Четвртата годишна глобална конференција на ОМД ќе се одржи летово во Македонија, во контекст на одбележувањето на 100 години од Букурешкиот договор, најавува Колоски: „Сакаме со оваа конференција да ги зацврстиме нашите позиции и да добиеме поголема поддршка од македонската дијаспора, и, на некој начин, да му покажаме на светот дека опстанавме и не одиме никаде“.

Колоски го поздрави продлабочувањето на врските меѓу татковината и дијаспората, особено со застапеноста во македонското собрание преку пратеник од САД и Канада.
XS
SM
MD
LG