Продавницата Мекартур на семејството Басин е една од најстарите од ваков тип во Вашингтон. Тука се купува вино од 1957-ма, а меѓу муштериите, низ годините -претседатели, боксерски шампиони, други познати лица...
Се продаваат 5.000 видови на вино од 30-тина држави. Годишниот обрт на оваа продавница е 12 милиони долари.
44-годишниот Џон Фитер, снабдувач и консултант за вина, во бизнисот е повеќе 20 години. Македонското вино го открил лани, на дегустација во македонската амбасада во Вашингтон.
„Грозјето е различно. Во вината се користи домашно македонско грозје од тоа поднебје и затоа вкусот е покомплексен од другите сорти“, раскажува Фитер.
Вели, Вранецот е најбаран, поради неговата комплексност, и длабочина на вкусот. Засега продавницата нуди само четири вина од Македонија, затоа што толкав број и се достапни. Ги увезува од Њујорк. Покрај Вранецот, муштериите може да купат и Жилавка, Кратошија и Ркацители.
Најефтиното вино чини неколку долари, но за оние со префинет вкус и ултра-длабок џеб, има и такво што се продава по 14.700 долари по шише!
Најскапото вино во оваа продавница доаѓа од јужна Франција.
За конкурентноста на македонското вино, Фитер коментира: „Може да се натпреварува со некои вина од Чиле, Аргентина, за цената по која се продаваат. Тоа е битно. Кога има квалитетно вино по релативно ниска цена, но е малку различно по вкусот - тогаш оди лесно!“.
За вината од другите земји од Балканот вели дека, исто како и македонските, се нови на пазарот, но се пробиваат до муштериите.
Како еден од шестмината професионални дегустатори во продавницата, специјализирани за различни сорти на вина,
Фитер го смета главниот град на САД за винска мека: „Вашингтон е поинаков од другите делови на САД. Ова е софистициран и образован пазар на вино. Повеќето муштерии се разбираат за виното“.
Како најголем проблем за македонското вино, во продавницата ја истакнуваат недоволната промоција на кватитетните црвени и бели вина кои Македонија ги нуди на овој пазар.
Се продаваат 5.000 видови на вино од 30-тина држави. Годишниот обрт на оваа продавница е 12 милиони долари.
44-годишниот Џон Фитер, снабдувач и консултант за вина, во бизнисот е повеќе 20 години. Македонското вино го открил лани, на дегустација во македонската амбасада во Вашингтон.
„Грозјето е различно. Во вината се користи домашно македонско грозје од тоа поднебје и затоа вкусот е покомплексен од другите сорти“, раскажува Фитер.
Вели, Вранецот е најбаран, поради неговата комплексност, и длабочина на вкусот. Засега продавницата нуди само четири вина од Македонија, затоа што толкав број и се достапни. Ги увезува од Њујорк. Покрај Вранецот, муштериите може да купат и Жилавка, Кратошија и Ркацители.
Вранецот е најбаран, поради неговата комплексност, и длабочина на вкусот.Џон Фитер, снабдувач и консултант за вина
Најскапото вино во оваа продавница доаѓа од јужна Франција.
За конкурентноста на македонското вино, Фитер коментира: „Може да се натпреварува со некои вина од Чиле, Аргентина, за цената по која се продаваат. Тоа е битно. Кога има квалитетно вино по релативно ниска цена, но е малку различно по вкусот - тогаш оди лесно!“.
За вината од другите земји од Балканот вели дека, исто како и македонските, се нови на пазарот, но се пробиваат до муштериите.
Како еден од шестмината професионални дегустатори во продавницата, специјализирани за различни сорти на вина,
Фитер го смета главниот град на САД за винска мека: „Вашингтон е поинаков од другите делови на САД. Ова е софистициран и образован пазар на вино. Повеќето муштерии се разбираат за виното“.
Вашингтон е софистициран и образован пазар на вино. Повеќето муштерии се разбираат за виното.Џон Фитер, снабдувач и консултант за вина